Крилниот офанзивец Роналдо Ромарио Вебстер од Јамајка е најновото засилување на штипска Брегалница за новата сезона.
Вебстер кој има 22 години, доаѓа од редовите на Кавалиер од Јамајка, а претходно има настапи и за Рено, исто така во домашниот шампионат. Вебстер досега има и еден официјален настап за репрезентацијата на Јамајка.
Од Брегалница објавија и дека поради технички причини, одложен е пријателскиот натпревар со Теута кој требаше да се игра во Банско.