Кристијано Роналдо и неговиот Ал-Наср загубија синоќа загубија од Ал-Аин од Обединетите Арапски Емирати со 0-1 во првиот меч од четвртфиналето во азиската Лига на шампиони, а Португалецот беше главна ѕвезда на теренот. Роналдо имаше голема шанса да израмни на 1:1, но неговиот шут на неверојатен начин го одбрани голманот на противничкиот тим.
Дека не му беше баш најдобар ден на Португалецот, се виде и во еден момент кога сакаше атрактивно да дрибла, но самиот се сплетка и противниците лесно му ја одзедоа топката.
ronaldo dribbling is one of the funniest things in football nowadays pic.twitter.com/kvoXBJaty2
— Football L Takes (@FootLTakes) March 4, 2024
Навивачите на Ал-Аин на секаков начин се обидуваа да го дефокусираат Роналдо, а секако, најпознат метод е тој да скандираат „Меси, Меси“ од трибините. Поради таквото скандирање, Роналдо направи испад во Саудиска Арабија и заработи суспензија од два меча, но сега Португалецот беше многу посмирен.