Роналдо вечерва ќе го сонува голманот на Ал-Аин, со неверојатна одбрана му спречи чист гол (Видео)

Ал-Наср загуби од Ал-Аин (клуб од Обединетите Арапски Емирати) со 0-1 во првиот нивен меч од четвртфиналето во азиската Лига на шампиони, па саудискиот тим ќе мора на реваншот да се вади со победа барем од два гола разлика и тоа ќе биде предизвик за Кристијано Роналдо и другарите.

Роналдо на претходните девет официјални меча за Ал-Наср даваше барем по еден гол, но вечерва му заврши серијата. Тој во 80-тата минута имаше голема шанса да изедначи на 1-1, но голманот Калид Еиса имаше неверојатна одбрана и му фати практично пенал на Роналдо од 6-7 метри.

Португалецот, ретко кога во кариерата, не даде гол од ваква позиција, но Еиса имаше одбрана за која ќе им раскажува на своите деца и внуци. Роналдо во последната минута имаше и еден обид од половина терен да даде гол, но за малку беше непрецизен.

Погледнете ја одбраната поради која Роналдо вечерва тешко дека ќе може да заспие и да си прости како не даде гол:

- Оглас -

Најнови вести