Роналдо се кае за тоа што го направил во 2002 година

Легендарниот бразилски напаѓач, Роналдо, ќе направеше уште подобра кариера ако не беа повредите на колената, особено во периодот додека го носеше дресот на Интер, кога „феноменот“ беше на врвот на својата форма.

Во летото 2002 година, Роналдо ги изненади сите со одлуката да го напушти Интер и да прејде во Реал Мадрид, откако тоа лето со своите голови му донесе светска титула на Бразил. Во дресот на Реал, Роналдо си ја врати старата форма и покажа дека во него уште има „магија“, а во Интер се каеја што го продадоа.

Сега Роналдо вели дека и тој се каел. Порачува дека Интер секогаш ќе му биде во срцето, иако на прилично лош начин се раздели со клубот.

„Се каам што во 2002 година, на претседателот Масимо Морати му реков дека треба да го отпушти Ектор Купер, или јас ќе си одам од Интер. Не требаше да го барам тоа и да се однесувам како размазена ѕвезда. Морати ми рече дека Купер останува бидејќи добро си ја врши работата. Мене тоа не ми се допадна и отидов во Реал, каде играв прилично добро, но ми остана жал по Интер“ – изјави Роналдо кој по заминувањето од Реал, прејде во Милан, и повторно ги налути фановите на „нераѕурите“.

- Оглас -

Најнови вести