Роналдо се почести со одличен роденденски погодок (видео)

Кристијано Роналдо го прослави својот 36-ти роденден со одличен погодок во дербито против Рома. Португалската мегаѕвезда влезе во голгетерска серија, откако го нокаутира Интер, сега и Рома е жртва на асот на Јувентус.

Роналдо рано го отвори дербито кое се игра во овие моменти, во 13-тата минута го реализира својот 16-ти првенствен погодок и тоа на мајсторски начин. По проигрувањето од Мората, Роналдо без размислување од место шутираше со послабата лева нога и го матира голманот Лопес.

- Оглас -

Најнови вести