Роналдо се радуваше, но кога виде на главниот семафор дека Бруно е стрелец, реакцијата му беше урнебесна (Видео)

Кристијано Роналдо никако не може да се помири со фактот дека првиот погодок на Португалија во дуелот против Уругвај е запишан зад името на Бруно Фернандеш. Во ситуацијата кога Португалија поведе со 1:0 против Уругвај, Бруно Фернандеш нафрли, Роналдо се обиде со глава да ја удри топката, но за малку беше краток и таа заврши во мрежата на Уругвај.

Роналдо веднаш почна да се радува покажувајќи дека тоа е негов погодок, но ФИФА одлучи дека капитенот на Португалија не ја допрел топката, па погодокот беше запишан зад името на Бруно.

Интересна беше реакцијата на Роналдо веднаш по голот. Тој почна да се радува во негов препознатлив стил, но потоа кога виде дека името и ликот на Бруно се на официјалниот семафор, Роналдо остана шокиран.

- Оглас -

Најнови вести