Роналдо се врати во одбрана и направи хаос, а Де Хеа не можеше да се воздржи (Видео)

Манчестер јунајтед вчера загуби на домашен терен од Вулверхемптон со 0:1, што е прва победа на Волците на „Олд Трафорд“ во првенството по пауза од повеќе од 40 години.

Гостите се радуваа со голот на Жоао Мутињо во 82-рата минута, а Манчестер јунајтед продолжува да ги разочарува своите навивачи на „Олд Трафорд“.

Манчестер беше во подредена улога во поголем дел од мечот, а во еден момент дури и Кристијано Роналдо требаше да се врати во дефанзивата. Токму враќањето на Роналдо пред својот гол направи хаос и малку фалеше тој да биде асистент за погодок на противниците.

Роналдо во 35-тата минута со глава од работ на шеснаесетникот се обиде да ја врати топката на Давид де Хеа, но не забележа дека двајца противнички играчи се во близина. За среќа на Роналдо, гостите не успеаја да постигнат гол, но голманот на Манчестер, Давид де Хеа, жестоко го искритикува Кристијано поради неговиот непромислен потег.

https://youtu.be/liFJyAfic1I

- Оглас -

Најнови вести