Роналдо, сепак, ќе остане во Ал-Наср

Кристијано Роналдо ќе продолжи да настапува за Ал-Наср во Саудиска Арабија, откако според информациите на новинарот Санти Ауна од „Фут Меркато“, португалскиот ас ќе потпише нов договор со клубот од Ријад.


Досегашниот договор на Роналдо истекува за еден месец.

Неколку дена претходно, Роналдо навести дека можно е да го напушти клубот, што најверојатно ги поттикнало челниците на Ал-Наср да му понудат подобрени услови и да го задржат во тимот.

Роналдо е дел од Ал-Наср веќе две и пол години, но сè уште нема освоено ниту еден значаен трофеј со тимот. Во последната сезона клубот заврши на третото место во домашното првенство, поради што не успеа да се квалификува и за Лигата на шампионите на Азија.

- Оглас -

Најнови вести