Кристијано Роналдо не сакаше да го пропушти натпреварот од Суперкупот помеѓу Ливерпул и Челзи и додека го гледаше мечот во дневната соба во неговиот дом, тој имаше дополнително уживање.
Неговата вереница Георгина му ги масираше нозете со електрична направа, а целиот амбиент го надополнуваше нивната мачка која се шеташе околу нив. На Португалецот му требаше оваа масажа бидејќи поради ситна повреда тој го пропушти егзибицискиот меч на Јувентус против втората екипа на овој клуб.
„Време на рехабилитација со мојата љубов“, напиша Роналдо покрај снимката од видеото кое тој го објави на социјалните мрежи.