Роналдо со две фотографии го честиташе 70 роденден на мајка му и упати посебна порака (Фото)

Еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, Кристијано Роналдо го честиташе јубилејниот 70-ти роденден на неговата мајка Марија Долорес дос Сантос Вивеирос да Авеиро.

Долорес е жената која секогаш била најголема поддршка на Кристијано, а Роналдо е многу поврзан со нејзе. Фудбалската суперѕвезда роденденот на мајка му го честиташе на социјалните мрежи со две фотографии, од која едната е кога бил мало дете. Под фотографијата Роналдо испрати порака на која пишуваше:

„Среќен роденден мама! Ти благодарам што ме инспирираш секој ден и ти благодарам за твојата безусловна поддршка. Те сакам“.

Роналдо минатата година за роденденот на мајка му подари автомобил Порше Каен во вредност од 150.000 евра.

- Оглас -

Најнови вести