Роналдо со подвиг што им успеал само уште на тројца фудбалери во историјата на Серија А

Кристијано Роналдо постигна два гола и беше предводник во лесната победа на Јувентус на гостувањето кај Парма со 4:0. Посебно атрактивен беше погодокот на Роналдо со глава за 2:0, кога Португалецот покажа дека уште има одраз како НБА играчите. Погодоците од дуелот против Парма, може да ги видите ТУКА.

Со двата погодоци против Парма, Роналдо стигна до 33 голови во Серија А во 2020 година. Тој е само четвртиот играч кој успеал да постигне толку многу погодоци во една календарска година. Последен пат тоа му успеало на легендарниот Омар Сивори во 1961 година.

Повеќе голови од Сивори и Роналдо во една календарска година имаат само Гунар Нордал кој во 1950 година постигнал 36 голови и Фелис Борел кој во 1933 година дал неверојатни 41 погодоци во Серија А.

До крајот на 2020 година, Јувентус во првенството ќе игра само уште со Фиорентина, но тоа ќе биде доволна можност Роналдо со погодок барем да излезе пред Сивори, со кој сега се на делба на третото место на оваа необична листа на стрелци во историјата на Серија А.

 

- Оглас -

Најнови вести