Кристијано „леташе“ незапирливо, Јувентус пресилен за Парма (Видео)

Јувентус на гости лесно ја порази Парма со 4-0, со гол на Дејан Кулушевски, два на Кристијано Роналдо, а голеадата ја заврши Алваро Мората, па Старата дама заедно со Милан останаа единствени две непоразени екипи во Топ 5 лигите. Сега Јуве е на еден бод негатива во однос на Милан, а Росонерите имаат и еден натпревар помалку.

Португалецот Роналдо со двата вечерашни погодоци на „Енио Тардини“, дојде до бројка од 12 гола сезонава на девет настапи во Серија А. Роналдо стана само петтиот фудбалер во историјата кој во една календарска година во Серија А дал барем 32 гола.

Тука може да ги видите сите голови на Јувентус од дуелот со Парма, а атрактивниот погодок на Роналдо со глава е на 1:10 минута од видеото.

- Оглас -

Најнови вести