Кристијано Роналдо денеска имаше посебен мотив за игра. По јубилеен 100-ти пат го облече дресот на Јувентус и на најдобар можен начин потврди дека е вистински лидер во тимот.
Португалецот даде два гола од пенал за победа на гостувањето кај Џенова од 3:1. Роналдо двата гола ги даде во последните 15-тина минути, кога потврди дека трите бода ќе бидат за гостите од Торино.
Овој триумф на Јувентус беше и посебен за Роналдо. Тој е првиот фудбалер во 21 век што успеал да стигне до 400 првенствени победи во Топ 5 лигите во Европа. Роналдо до ова постигнување стигна како играч на Манчестер јунајтед, Реал Мадрид и Јувентус.
Зад Роналдо е неговиот најголем ривал Лионел Меси. Аргентинецот вечерва го даде победничкиот гол за Барселона во дуелот против Леванте и стигна до 366-тиот триумф во првенствени средби. Трет на листата е легендарниот голман Џанлуиџи Буфон со точно 350 победи во првенствени дуели.