Роналдо „стрелаше“ и на загревањето: Погоди редар, па спортски отиде да провери дали е во ред (фото)

Кристијано Роналдо ја продолжи голтетерската серија и во вториот настап за Манчестер јунајтед откако се врати во клубот, со одличен гол им донесе предност на Ѓаволите на гостувањето кај Јанг бојс во првото коло од Лигата на шампионите.

Во текот на загревањето за натпреварот, Роналдо случајно ,при еден шут погоди еден редар кој беше во непосредна близина кај голот, па Португалеот отиде зад теренот да провери дали е сé во ред со него.

- Оглас -

Најнови вести