Кристијано Роналдо тренираше денеска и тоа одвоено од соиграчите, но најавите се дека ќе биде подготвен за настап на „Амстердам“ арена во среда, против Ајакс на првиот четвртфинален меч во Лигата на шампионите.
Беше најавено дека Португалецот бие битка со времето, но сега во Јувентус се големи оптимисти дека ќе го имаат најдобриот стрелец сезонава во составот во Амстердам.
Но, проблем сега е повредата на Емре Џан, кој има проблем со скочниот зглоб. Беше заменет на дуелот со Милан и неговиот настап против Ајакс е неизвесен.