17.8 C
Skopje
четврток, 31 јули 2025

Роналдо вечерва ќе мора да даде гол за да не стигне еден антирекорд

Кристијано Роналдо со Манчестер јунајтед вечерва ќе гостува кај Барнли во меч од 24-тото коло на англиската Премиер лига. Барнли е последнопласиран на табелата и Црвените ѓаволи се големи фаворити за победа.

Освен бркање на трите бода, на овој меч Роналдо ќе има и една лична мисија, а тоа е да постигне гол за да не го достигне својот антирекорд. Кристијано нема дадено гол на последните четири дуели за Манчестер. Не успеа да го најде патот до мрежата во средбите против Вулверхемптон, Брентфорд, Вест хем и Мидлсборо.

Последен пат поголем „пост“ Роналдо имал во 2010 година, кога го носеше дресот на Реал Мадрид. Тогаш Португалецот не погоди против Малага, Мајорка, Осасуна, Сосиедад и Ајакс.

Пет меча по ред без да даде гол е антирекорд за Роналдо ако се земат и репрезентативните и клупските меча. Немаше постигнато гол на последните два меча за Португалија на последните два меча од СП 2018 година, како и на првите три средби во дресот на Јувентус.

- Оглас -

Најнови вести