Поради репрезентативните обврски со Португалија во Лигата на нациите, Кристијано Роналдо имаше продолжена сезона, но на крај дојде време за одмор. Ѕвездата на Јувентус, заедно со својата девојка Георгина и децата, беше на одмор во Грција.
Шпанските медиуми откриваат дека вилата во која престојуваше Роналдо е 630 метри квадратни, со огромен двор, базен и целосна приватност, а чини 8.000 евра од ден. Со оглед дека планот на Роналдо бил да остане седум дена, тоа значи дека само за сместувањето плаќа 56.000 евра, сума која и не е толку голема во однос на неговата заработувачка.
Пред да замине во Грција, Роналдо престојуваше и во Дубровник, каде што исто така беше во луксузна вила, која чинеше неколку илјади евра од ден.