Роналдо во јануари си оди од Јунајтед, но останува во Премиер лигата?

Кам-бекот на Кристијано Роналдо во Манчестер јунајтед ќе има неславен крај откако и менаџерот Ерик тен Хаг даде зелено светло за негово заминување, но се чини дека Португалецот нема да ја напушти Премиер лигата.

Англиските медиуми шпекулираат дека, Роналдо, кој во јануари ќе си замине од „Олд Трафорд“, би можело да се пресели во Челзи.
Новиот менаџер на Челзи, Греам Потер, ѝ порачал на управата дека му недостасува уште еден класичен напаѓач, дека Пјер-Емерик Обамејанг не е доволен и дека во јануари екипата треба да се засили во нападот и решението би било токму Роналдо.

Челзи и во летниот преоден рок се споменуваше како иден тим на Португалецот. Новиот сопственик на Челзи, Тод Боли, сакаше да го купи Роналдо, но рампа на трансферот стави веќе поранешниот менаџер Томас Тухел. Сега откако Тухел не е на клупата на Сините, Боли без проблем би ја исполнил желбата на Потер и би го донел Роналдо на „Стемфорд бриџ“. Наводно, Челзи е подготвен да му понуди двегодишен договор на Португалецот.

- Оглас -

Најнови вести