Според многумина, Кристијано Роналдо е еден од оние луѓе кои најтешко го примија фактот дека Лионел Меси стана светски првак со Аргентина. Во изминативе 15-тина години, меѓу Роналдо и Меси постојано владее ривалитет за тоа кој фудбалер направил повеќе вредни работи во фудбалот, иако факт е дека двајцата се на врвно ниво и сигурно се на листата на најдобри на сите времиња.
Откако Меси ја освои светската титула во Катар, Аргентинецот постави и светски рекорд за најлајкувана фотографија на „Инстаграм“. Фотографијата како Меси го држи трофејот веќе има неверојатни над 70 милиони допаѓања.
И додека Меси рушеше рекорди на социјалните мрежи, Роналдо го немаше никаде. Португалецот молчеше четири дена сè до моментот кога реши на „стори“ да испрати две фотографии. На првата е како Роналдо се релаксира во базен, а на втората позира со стисната тупаница и „напумпан“ мускул.
Роналдо се очекува до Нова година да го комплетира трансферот во Ал-Наср, што би поставил и рекорд за најголем договор во историјата на фудбалот.