Бивар Абдулах, кој има 25 години и живее во Ирак, е познат како двојникот на Кристијано Роналдо. Абдулах, кој аматерски игра фудбал, вели дека сон му е да го запознае вистинскиот Роналдо. На младиот работник во градежништвото воопшто не му смета што личи на прославениот фудбалер од Јувентус.
„Многу луѓе ми рекоа дека личам на Роналдо, иако јас сум Арап, Курд, странец…“, вели Бивар, кој живее во покраината Соран, каде што и е многу популарен токму поради неговиот изглед.