Роналдо заборави да дава голови од слободен удар – Погледнете каде ја „рогна“ топката (Видео)

Кристијано Роналдо заборавил како се даваат голови од слободен удар, а имаше и еден очајно лош удар на почетокот на пријателскиот меч меѓу Португалија и Израел.

Во јубилејниот 175-ти меч за актуелните европски прваци, Роналдо се обиде и ја упати топката далеку од голот на Израелците и високо на трибините.

Потоа се извади со гол во финишот на првото полувреме, 104-то за него во дресот на Португалија, што е втор најдобар скор на играч за која било репрезентација во историјата на играта.

На најдобриот стрелец на Португалија му фалат уште шест гола за да го престигне апсолутниот рекордер Али Даеи, кој има постигнато 109 погодоци за Иран.

- Оглас -

Најнови вести