Вечерва во Дубаи се одржа церемонијата на „Глоуб сокер авордс“ прогласување на најдобрите во светот на фудбалот за оваа година, а за играч на годината е прогласен Винисиус од Реал Мадрид.
Награди добија и Ламин Јамал за најдобар млад играч, Карло Анчелоти за најдобар тренер, Реал Мадрид најдобар клуб и многу други, а признание доби и Кристијано Роналдо, за тоа што е прв стрелец во историјата на фудбалот и придонес за фудбалот во светот.
Роналдо одржа и говор во кој кажа дека „Златната топка“ требало да ја добие Винисиус, тој најмногу ја заслужил, иако и Родри ја заслужил, а изборот на Глоуб во Дубаи смета дека е најчесен, најфер, и затоа го почитува најмногу.
Роналдо кажа и дека саудиската лига е посилна од француската во која се издвојува само еден тим, ПСЖ, и дека во Саудиска Арабија е тешко да се игра и да се трча на температури од 40 степени.
🚨 “Vinicius Jr deserved the Ballon d’Or”, says Cristiano Ronaldo. ✨ pic.twitter.com/J3lsCPkzqa
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) December 27, 2024