Новиот тренер на Челзи, Лијам Росениор, со убедлива победа од 1-5 дебитираше на клупата на „сините“. Екипата од „Стемфорд Бриџ“ со убедлива игра дојде до триумф над членот на Чемпионшип дивизијата, Чарлтон, и обезбеди пласман во 1/16-финалето од ФА купот.
Сепак, иако резултатот е убедлив, Челзи долго се мачеше да го отвори резултатот, а тоа успеа да го направи во четвртата минута од судиското продолжение на вториот дел.
По само пет минути игра во второто полувреме, беше 0-2, но домашните само седум минути подоцна намалија на 1-2. „Сините“ го обезбедија триумфот во самиот финиш со два гола во судиското надополнување на времето.

