Росонерите на мака: Без Златан во дербито на Милано?

Милан и Интер ќе се сретнат во градското дерби на 17 октовмри, по завршувањето на репрезентативната пауза, а Росонерите се на мака околу настапот на Златан Ибрахимовиќ. Првата ѕвезда во тимот на Стефано Пиоли и натаму се соочува со корона-вирусот, се потврди по последните тестирања, иако Златан веќе мина период во изолација од околу две недели.

Ибрахимовиќ беше позитивен на ковид-19 на 24 септември, но како што тврдат италијанските медиуми тој уште не закрепнал и не тренира со екипата. Тоа важи и за вториот заразен играч во редовите на Милан, дефанзивецот Лео Дуарте, а за и двајцата да добијат зелено светло за настап во дербито на Милано, потребни се два негативни тестови.

Останува околу една недела за Златан да го совлада корона-вирусот и да му се стави на располагање на Пиоли.

- Оглас -

Најнови вести