Дани Роуз е упасен поради пребрзо возење откако со својот автомобил се забил во оградата што го дели автопатот во Нортхемптон на две ленти, а сведок на несреќата вели дека треба да биде среќен што останал жив.
„Автомобилот остана без едно тркало, а Роуз беше во шок кога пристигна полицијата. Имаше среќа што остана жив“, вели сведок на инцидентот што се случи околу пет часот наутро.
Не се знае што барал играчот на Тотенхем во тоа време во Нортхемптон, а алкотестот покажал дека не бил пијан, ниту дрогиран.
Сепак, тој е притворен поради пребрзо возење и загрозување на безбедноста во сообраќајот. Претходно имаше инцидент со навивачите, па дури и прескокна ограда за да се тепа, но потоа се извини.
Тотенхем планира да го продаде Роуз веќе во зимскиот преоден рок.