Рубљов со пресврт до прва Мастерс титула во кариерата

Рускиот тенисер Андреј Рубљов е победник на турнирот од серијата Мастерс 1000 во Монте Карло, откако во финалето, во три сета го победи Данецот Холгер Руне и тоа со 5:7,6:2,7:5. Интересно е што Русинот и во полуфиналето славеше со пресврт и тоа против Тејлор Фриц од САД.

Ова е прв триумф на Рубљов на Мастерс турнирите, а досега два пати играше во финалето, во 2021 година токму во Монте Карло и во Синсинати истата година.

https://twitter.com/i/status/1647623353061228544

Во првиот сет, Руне прво успеа во третиот гем да спаси две брејк топки и потоа веднаш да го одзеде сервисот на Русинот. Но, Рубљов експресно возврати и без возбудубања беше до 12 гем кога Данецот направи уште еден брејк и поведе со 1:0 во сетови.

https://twitter.com/TennisTV/status/1647620343593410560?s=20

Губењето на првиот сет не остави траги во играта на Рубљов, напротив, веднаш направи брејк и поведе со 2:0 во вториот сет. Руне успеа да измрани на 2:2, но потоа следеше целосна доминација на Рубљов кој ги освои сите четири гема за конечни 6:2 во вториот сет.

Одлучувачкиот момент кој го даде шампионот во Монте Карло, се случи во 11-от гем кога Рубљов направи брејк кој го потврди со сигурен сервис, што значеше титула.

- Оглас -

Најнови вести