Ручекот заврши со песна – Во Вилата на Меси се ореше „шампиони, шампиони“ (Видео)

Ручекот на играчите на Барселона во Вилата на Лионел Меси заврши со песна и тоа шампионска, што го покажува оптимизмот на Каталонците дека можат до титулата во Ла Лига во возбудлив финиш.

На социјалните мрежи е објавено видео, како од Вилата на главната ѕвезда на Барса се ори „шампиони, шампиони“.

Денеска Меси ги собра соиграчите на ручек, за да се прослави важната победа против Валенсија, но и како почеток на „операцијата Атлетико Мадрид“,

На 8. мај Барселона на „Камп Ноу“ ќе го игра клучниот меч во завршницата на сезоната против лидерот Атлетико, дерби што може да одлучи за шампионската круна во Ла Лига.

Моментно Атлетико е лидер во шпанското првенство со 76 бода, Барселона и Реал Мадрид имаат по 74, а Севилја со меч помалку е последниот кандидат за трофејот со 70 бода.

Двата главни дуели до крајот на шампионитат се меѓу Барас и Атлетико и Реал со Севилја. Кралскиот клуб има најдобар меѓусебен биланс, подобар и против Атлетико и со Барселона, а ја победи и Севилја, екипа со која ќе игра уште еднаш во возбудливите последни четири кола во Ла Лига.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести