Славниот холандски напаѓач, Руд ван Нистерлој, и официјално не е повеќе тренер на екипата на Лестер. Легендата на Манчестер јунајтед на клупата на поранешниот шампион на Англија седна во декември минатата година, кога клубот веќе беше во тешка ситуација на табелата и не успеа да се избори за опстанокот, па од следната сезона ќе настапува во Чемпионшип дивизијата.
„Руд беше на нашата клупа во тешки времиња за клубот. Се разделуваме со обостран респект и му се заблагодаруваме на напорната работа и му посакуваме се најдобро во иднината.“ – напишаа од Лестер.
Ван Нистерлој во својата тренерска кариера беше помошник во репрезентацијата на Холандија, а како прв тренер ги водеше младинските категории на ПСВ Ајндховен, но и првата екипа на клубот од Холандија. Во Манчестер јунајтед беше вршител на должност и на четирите меча не доживеа нитуеден пораз.