Норвешкиот тенисер Каспер Руд, ќе биде противникот на Рафаел Надал во финалето на „Ролан Гарос“.
Руд во полуфиналето со 3-1 во сетови го совлада Марин Чилиќ, иако Хрватот поведе со 1-0, и се најде во своето прво грен-слем финале во кариерата. Таму задачата ќе му биде пеколно тешка, бидејќи против себе ќе го има Надал, кој дури 13 пати победувал во Париз.
Руд е прв Норвежанец кој стигнал до големо финале, има 23 години, а беше во академијата на Надал кој е негов идол. Полуфиналето го одбележа и инцидентот кога една девојка си го врза вратот за мрежата, па имаше 15-минутен прекин.