Прекинато полуфиналето на „Ролан Гарос“, девојка си го врза вратот за мрежата (Фото)

Изразувањето на протест на спортски настани со врзување на вратот, како да стана редовна пракса.

Најнов таков случај има вечерва во Париз, каде за време на полуфиналето на „Ролан Гарос“ помеѓу Марин Чилиќ и Каспер Руд, една девојка влета на терен и се врза за мрежата, па натпреварот е во прекин.

Девојката носеше маица на која пишуваше „Ни останаа уште 1.028 денови“.

Имаше и мало оштетување на мрежата, па организаторите откако ја ослободија девојката, ја поправаа и мрежата за да може мечот да продолжи.

 

- Оглас -

Најнови вести