Руди Гарсија не е првата тренерска жртва на Кристијано, и други беа менувани по негово барање

Отказот на Руди Гарсија во Ал Наср дојде после недоразбирање со првата ѕвезда на тимот, Кристијано Роналдо, а Гарсија не е првиот тренер кој бил сменет по барање на Португалецот.

Роналдо и во минатото има критикувано тренери дека не се доволно офанзивни, и имал влијание да бидат сменети неговите тренери во неколку клуба. Судирот со Роналдо на своја кожа го имаат почувствувано и Мурињо и Бенитес во Реал, како и Алегри во Јувентус.

Роналдо и Мурињо не разговараа меѓусебе во последната сезона на Специјалниот на клуоата на Кралскиот клуб. Кристијано мислеше дека играта на неговиот сонародник не е доволно атрактивна. Бенитес уште од стартот не беше по волја на Роналдо, затоа што шпанскиот стручњак во прв план го ставаше Герет Бејл. Роналдо веднаш му кажа на претседателот Перес дека со Бенитес нема ништо да освојат.

Кога си замина од Реал, Роналдо во својата прва сезона во Јуве се судри со Алегри и пак поради дефанзивната поставеност. Ниту Рангник во Манчестер јунајтед не му беше по волја, а против Тен Хаг ја загуби битката и бидејќи не сакаше да биде резерва, си замина.

- Оглас -

Најнови вести