Франција освои три големи бодови на стартот на ЕП 2020, откако славеше со 1-0 на гостувањето кај Германија. Голот падна во првото полувреме кога Матс Хумелс си даде автогол. Во второто полувреме Французите дадоа два гола, по еден Мбаше и Бензема, но и двата беа поништени поради офсајд и прегледување на снимка, а Адриен Рабио ја погоди стативата.
Интересен момент кој не го забележаа судиите, се случи кога Антонио Рудигер му пријде од зад грб на Пол Погба, и се чини дека го гризна, во стилот на Луис Суарес од Мундијалот во 2014 година на мечот со Италија. Погба се бунеше, но немаше реакција од ВАР собата, а и судиите на терен не забележаа ништо.
Со овој меч заврши првото коло, а од утре стартуваат средбите од втората рунда.