Рудигер си даде смешен авотогол, Челзи сепак го победи фенерџијата (Видео)

Антонио Ридигер си постигна смешен автогол во второто полувреме против Шефилд јунајтед, но сепак не го чинеше скапо својот тим Челзи, кој го победи фенерџијата во Премиер лигата со 2:1 на гостински терен.

Стоперот на гостите се обиде во 54-тата минута да му ја врати топката на голманот Менди, но двајцата не се разбраа, па Шефилд јунајтед во тој момент израмни на 1:1. Тој момент и автоголот на Ридигер можете да го погледнете ОВДЕ.

Претходно Мејсон Маунт со погодок во 43-тата минута му донесе предност на фаворитот, а победата ја осигури Жоржињо со погодок од пенал во 58-мата минута.

При двата гола на Челзи, клучен играч беше Тимо Вернер. Најпрво одлично му асистираше на Маунт за првиот погодок на мечот, а потоа над него голманот Рамсдејл направи фаул за пенал, што го реализираше Жоржињо.

Шефилд остана на последното место во Премиер лигата само со 11 бода, а Челзи е на делба на петтото место со Вест хем и двете екипи имаат по 39 бода.

 

 

- Оглас -

Најнови вести