Антонио Рудигер летово како слободен агент од Челзи пристигна во редовите на Реал Мадрид. Германскиот дефанзивец од кого се има големи очекувања во Мадрид, даде едно интересно интервју за германските медиуми.
Тој си призна дека на еден натпревар додека играл за Челзи, намерно грешел.
„Ќе бидам искрен и ќе кажам дека намерно направив неколку грешки за да ја кренам атмосферата на стадионот. Едноставно, беше премногу тивко и сакав да ги разбудам луѓето“, изјави Рудигер.
Станува збор за мартовскиот натпревар против Њукасл, кој Челзи на крајот го доби со 1:0.