Mинатата сезона беше првата во која Лигата на шампионите се играше со 36 екипи и во нов формат, во кој сите екипи се во една група и се води заедничка табела. Некому новиот формат не му се допаѓа, но легендата на Баерн Минхен, Карл-Хајнц Румениге, е задоволен од тоа како изгледаше Лигата на шампионите во новиот формат.
„Новиот формат на Лигата на шампионите е јасно подобрување. Во старата групна фаза сè често се решаваше уште по четвртото коло. Баерн редовно се пласираше, а имаше еден или два натпревари без значење. На прво место сум фудбалски фан. Само фактот дека четири топ екипи – Баерн Минхен, Реал Мадрид, Манчестер сити и ПСЖ – мораше да минат низ плејофите минатата сезона, за мене е доказ колку е овој формат повозбудлив. Големите клубови сфатија дека мора да дадат сè од самиот почеток за да се најдат меѓу првите осум затоа што тоа е она што сите го сакаат. Пред една година многу нешта сè уште беа нови: некои топ екипи пристапуваа порелаксирано кон еден или два меча. Сега очекувам да биде поинаку. За навивачите фазата на лигата сега е многу поемотивна. Тие постојано ги проверуваат телефоните: Каде е Баерн? Каде е Реал Мадрид? УЕФА навистина постигна голем успех со ова“, вели Румениге.