Данскиот тенисер Холгер Руне, е еден од малкутемина на светот кои може да се пофалат дека имаат повеќе победи отколку порази во меѓусебните дуели против Новак Ѓоковиќ.
Руне трипати има играно против Србинот, и извојувал две победи, па во едно интервју раскажа како го нашол патот до успехот.
„Новак е истовремено и најтежок и најлесен противник. Најтежок затоа што знае да одигра буквално сè, а најлесен затоа што пред почетокот на мечот знаете дека нема ништо да ви подари и дека мора да го освоите секој поен. Против него се обидувам максимално да одиграм што знам, да го исфрлам од зоната на комфорот и кога ќе ми се причини дека сум успеал, знам дека мора тогаш максимално да го нападнам“ – вели Руне за кој постои можност во четвртфиналето на Вимблдон да се сретне со Карлос Алкарас од кого е постар само две недели.