-1.2 C
Skopje
вторник, 3 февруари 2026

Руни е „овен“: Понуда што не се пропушта

Вејн Руни се согласи на договор до 18 месеци со англискиот второлигаш Дерби каунти, кој ќе стартува од јануари 2020 година. Искусниот голгетер по две минати сезони во МЛС лигата во дресот на Ди Си јунајтед, му се враќа на англискиот фудбал и ќе има двојна улога во редовите на Овните.

Поранешниот голгетер на Манчестер јунајтед ќе биде играч/тренер, добивајќи шанса да го изучува занаетот од новоназначениот предводник Филип Коку.  Платата на Руни се верува дека е околу 100.000 фунти неделно.

„Морав да донесам одлука за мојата иднина и сметам дека ја направив вистинската. Имав желба да се вратам во Англија со цел да продолжам со моето усовршување во тренерската работа. Добив прекрасна можност да соработувам со тренер каков што е Коку, па затоа оваа понуда не можев да ја пропуштам“, истакна Руни.

 

https://twitter.com/dcfcofficial/status/1158786798526574592

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести