Поранешниот англиски голгетер Вејн Руни е воодушевен од играта на тинејџерската ѕвезда Ламин Јамал. Според Руни, Јамал е играчот кој треба да ги наследи Лионел Меси и Кристијано Роналдо, двајцата фудбалери кои доминираат на светската сцена во последните 20-тина години.
„Јамал е неверојатен. Барселона е клуб кој едноставно успева да создава такви фудбалери, како што беа Меси, Роналдињо, Фиго, Ривалдо и други. Јамал е последниот во низата. Многу ми се допаѓа како игра. Не се плаши од ништо. Мислам дека тој е следниот голем фдубалер. Во последните 20 години ги имавме Меси и Роналдо, но сега Јамал ја презема контролата“, вели Меси.
Јамал уште нема наполнето 18 години, а веќе има одиграно повеќе од 100 меча во дресот на Барселона, а е и стандарден репрезентативец во шпанската репрезентација, со која веќе има освоено европска титула од континенталниот собир во 2024 година.
Јамал синоќа сепак немаше среќа да го совлада голманот на Интер, Јан Сомер, кој имаше неколку блескави одбрани токму по шутеви на тинејџерот од Барселона.