Руни покажа дека не е само голем играч, туку и голем човек

Еден од најдобрите напаѓачи во последниве 15 години, Вејн Руни, сезонава реши да замине во САД и таму да ја продолжи кариерата. ДЦ jунајтед беше неговиот избор, а при потпишувањето на договорот, доби привилегии како вистинска ѕвезда во тимот.

Руни, кој е најдобар стрелец во историјата на Манчестер јунајтед, од челниците на ДЦ jунајтед доби можност секогаш да патува со авион во прва класа и да има приватна хотелска соба, за разлика од сите останати фудбалери во тимот. Иако ова му се нуди, Руни одбива да ги користи овие предности.

„Ако сте дел од екипата, тогаш сте дел од екипата и така треба да се однесувате. Не сакам специјален третман, сакам да бидам третиран исто како и останатите играчи. Јас сум дел од тимот“, објасни Руни, кој е еден од најдобрите во екипата.

Некогашниот англиски репрезентативец досега одигра 19 меча за ДЦ jунатед и даде 12 погодоци, а има и шест асистенции.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести