Вејн Руни беше фантастичен фудбалер и сосема оправдано се смета за легенда во Англија, но тренерската кариера му е далеку од тоа што го покажа како играч. 39-годишниот поранешен репрезентативец на „гордиот албион“ во моментов го предводи членот на Чемпионшип дивизијата, Плимут.
Минатата сезона тешко дојдоа до опстабокот под водство на Руни, но оваа сезона се „фенерџии“, но поставија и неславен рекорд. После 22 натпревари имаат 49 примени гола, а тоа до сега не го направила ниту една друга екипа во оваа лига. Досегашниот рекорд беше на Ротерхам од 2017 година.
Иако имаат заостанување од само два бода од сигурната зона, сепак со игрите кои ги прикажуваат се сметаат за најголем „фаворит“ за испаѓање од лигата.