Руни со храбра прогноза: Сити ќе го прегази Реал Мадрид

Поранешниот англиски репрезентативец Вејн Руни е убеден дека Манчестер сити ќе победи против Реал Мадрид и тоа на убедлив начин ќе се пласира во финалето од Лигата на шампиони. Англискиот првак и шампионот на Шпанија ќе имаат две пресметки во полуфиналето од елитната лига на УЕФА, а Руни верува дека веќе го знае финалистот.

„Манчестер сити едноставно не само што ќе го победи Реал, туку тоа ќе го направи на убедлив начин. Се разбира дека може и да згрешам, затоа што според фактите, нема подобар тим од тој на Карло Анчелоти во Лигата на шампиони. Сепак, мислам дека Сити игра на едно друго ниво. Од почетокот на сезоната велам дека тимот на Пеп Гвардиола ќе завладее со Европа“, вели Руни во својата прогноза.

Првиот меч од полуфиналето меѓу Реал Мадрид и Манчестер сити ќе се игра в вторник на „Сантијаго Бернабеу“, а според квотите во Sport Life, гостите се фаворити.

- Оглас -

Најнови вести