Легендата на Манчестер јунајтед и англискиот фудбал, Вејн Руни, не се откажал од желбата да биде менаџер на клуб од Премиер лигата, а први на листата на желби му се Евертон и Манчестер јунајтед.
Руни е дете на Карамелите од Ливерпул, но поголем дел од кариерата мина на „Олд Трафорд” во Манчестер, како играч на Црвените ѓаволи. Искуството како тренер засега му е неуспешно. Работеше во Дерби каунти, Ди-Си јунајтед и Бирмингам.
„Сакам да работам како тренер. Целта ми е еден ден да работам во Премиер лигата. Да ги водам Манчестер јунајтед или Евертон ми е сонот, но тоа е процес, треба прво да поминам пат. Во следните десет години се надевам дека ќе имам шанса да водам некој од врвните клубови. Тоа што се случи во Бирмингам беше чекор назад, навивачите не ме сакаа од првиот ден, но јас сум борец, сакам да се вратам. Дел од работата на еден менаџер е и да те избркаат и да имаш тешки моменти”, рече Руни.