Русија е следен ривал на Македонија на Мундијалот

Македонската ракометна репрезентација не успеа да се пласира меѓу најдобрите 12 селекции во светот. Во клучниот меч за влез во главната групна фаза, Македонија загуби од Исланд со 22:24 и заврши на четвртото место во групата.

Овој пласман, носи разигрување на „црвено-жолтите“ за пласман од 13-то до 16-то место. Следен противник на Македонија е Русија, која заврши на четвртото место во групата А. Дуелот ќе се игра на 19-ти јануари во Келн. Со победа над Русија, ќе играме за 13-то или 14-то место, додека пораз ќе значи пласман на 15-то или 16-то место на планетарниот ракометен собир.

- Оглас -

Најнови вести