Фудбалската репрезентацијата на Русија и покрај суспензијата од страна на УЕФА, сепак ќе одигра контролни натпревари во мартовскиот прозорец.
Откако пропаднаа напорите да играат против репрезентации од Европа, Русите сега се концентрирани кон Азија. Русија денес ќе игра во Техеран, против Иран, со почеток во 18 часот, додека вториот пријателски натпревар ќе го одигра против Ирак на домашен терен во Сочи, во недела.
Квотата за победа на Русија во Sport Life е дури 3.80 бидејќи Иран е фаворит на овој натпревар со квота од 2.00.
Фудбалската репрезентација на Русија доби покана во јуни да настапи на турнирот на државите од Централна Азија, кој треба да се одржи во Таџикистан, каде што покрај домаќинот и Русија, би играле уште и селекциите на Авганистан, Иран, Киргистан, Туркменистан и Узбекистан.