14.8 C
Skopje
четврток, 28 август 2025

Русија нема да испрати натпреварувачки во мечување на квалификациите за ОИ во Париз

Рускиот олимписки комитет потврди дека мечувалечката федерација нема да испрати свои натпреварувачи во Познањ на квалификациски турнир за пласман на Олимписките игри во Париз што ќе се одржат идната година.

Причина за тоа се условите кои ги наметнал организаторот, а кои се неприфатливи за Руската мечувачелка федерација.

„Дали руските натпреварувачки ќе настапат во флорет во Полска? Секако дека нема, тоа е неприфатливо“, изјави претседателот на Федерацијата, Илгар Мамедов.

Првиот квалификациски турнир во женска конкуренција во дисциплината флорет, ќе се одржи во Познањ од 21. до 24. април.

Полска побара од руските и белоруските спортисти да потпишат документ во кој се наведува дека не ја поддржуваат воена интервенција во Украина и дека не се вработени во војската или руските безбедносни служби, и да настапат под неутрално знаме.

На руските спортисти им е забрането учество на сите меѓународни натпреварувања од почетокот на војната во Украина минатата година. Светската мечувалечка федерација (ФИЕ) минатиот месец дозволи руските спортисти да учествуваат на меѓународните натпреварувања, но под услов да настапат под неутрално знаме и да не истакнуваат руски симболи.

- Оглас -

Најнови вести