Русија со една акција ни покажа како се игра за пласман на Евробаскет (Видео)

Русија убедливо ја победи Македонија со 94:77 и си обезбеди пласман на Евробаскетот идната година, а со само една акција ни покажаа како треба да се игра за настап на големо натпреварување.

Во третата четвртина домаќините изведоа прекрасна тимска акција во која учествуваа речиси сите кошаркари што беа на паркетот, а со тројка ја круниса Антонов.

https://twitter.com/EuroBasket/status/1362792021115637760?s=20

Македонија се уште има минимални шанси за да приреди подвиг и во последне момент да се пласира на ЕП 2022, но за тоа ни треба многу среќа и подобри изданија на последните два дуели со Италија, задутре и против Естонија на 23. февруари.

Мора да ги победиме „Аѕурите“, притоа и Естонија да загуби од Русија, за потоа во директен дуел да ги победиме Естонците со 10 поени разлика во последниот квалификациски меч за Македонија за пат на Евробаскетот, што ќе се игра идната година во Грузија, Италија, Чешка и Словенија.

 

 

- Оглас -

Најнови вести