5.8 C
Skopje
среда, 24 декември 2025

Русинот се чудел кој е „малиот“ од Јунајтед: „Ги прашувам кој е овој, ми велат го купивме за 100 милиони“

Поранешниот фудбалер на Арсенал, Андреј Аршавин, се потсети на моментот кога првпат го гледаше Антони во дресот на Манчестер јунајтед. Русинот се чудел како може просечен фудбалер да игра за Црвените ѓаволи, но тогаш ја добил информацијата дека за него биле платени 100 милиони евра.

„Речиси ништо не знаев за него. Тој ден имаше вест за смртта на кралицата, можеби грешам, но натпреварот речиси беше откажан. Тогаш ми се чинеше дека тој, знаеш, таков мал, постојано ја враќа топката наназад, неколку финти… Реков: ’Кој е овој тип? Каков е овој просечен играч?’ Тие ми одговорија: ’Го купивме за 100 милиони пред два дена“, вели Аршавин.

Манчестер јунајтед за Антони плати речиси 100 милиони евра на Ајакс, но Бразилецот не покажа речиси ништо на „Олд Трафорд“. Собра 96 настапи, на кои имаше 12 гола и пет асистенции, но сега блеска во Бетис и овие бројки веќе ги надмина. За екипата од Ла Лига има 45 натпревари со ефект од 17 гола и 12 асистенции.

- Оглас -

Најнови вести