Русите газат на ЗОИ без примен гол, Шифрин ја загуби шифрата за олимписки победи

Русија го доби и вториот меч без примен гол на олимпискиот турнир во хокеј на мраз, а на ред кај една од најтрофејните нации дојде и Данска.

Фаворитот победи со 2:0 со головите на Карнауков во вториот период и на Семјонов на празн гол во последните секунди од мечот.

На премиерата, Русија ја победи и Швајцарија без примен гол, со 1:0, па сега е лидер во Б групата пред дербито со Чешка во последното коло.

Во фокусот на 11-тиот ден на Зимските олимписки игри беше и супервелеслаломот во женска конкуренција, а победи Лара Бехрами-Гут од Швајцарија со време од една минута, 13 секинди и 51 стотинка.

Австријката Мирјам Пухнер го освои среброто со 22 стотинкии задоцнување, а место на подиумот имаше и за Мишел Жисин од Швајцарија, која ја освои бронзата со 30 секунди, зад сонародничката и нова олимписка шампионка во супервелеслалом.

Потфрли водечката во генералниот пласман во Светскиот куп, Микаела Шифрин, која беше главна фаворитка, но заврши на деветтото место.

Американката е двојна олимписка победничка, со по едно злато од ЗОИ 2014 во Сочи и во Пјонгчанг на претходните игри, но во Пекинг не ѝ оди.

Во трката во слалом остана без пласман, а тоа ѝ се случи и на трката во велеслалом, па остана без медал во Пекинг.

- Оглас -

Најнови вести