Русите и Белорусите можат да играат на Отвореното првенство на САД во Њујорк, има само еден услов и е многу незгоден

На руските и белоруските тенисери и тенисерки ќе им биде дозволен настап на американскиот гренслем во Њујорк од 29 август, но само под еден услов, да не играат под руското знаме.

Ако сакаат да учествуваат на последниот гренслем-турнир во сезоната, ќе мора да се пријават и да играат под неутрално знаме, објави Американската тениска федерација, USTA.

„Ја поддржуваме забраната за руските и белоруските учесници на Отворенот првенство на САД и ќе ја почитуваме можноста тие да играат само под неутрално знаме. УСТА ќе дозволи да играат сите што се квалификувани за настап на гренслемот, но за двете земји мора да се исполни наведениот услов“, соопштија од американската тениска федерација.

Тоа значи дека Медведев, Рублев, Сабаленка и останатите руски и белоруски тенисери и тенисерки сепак ќе можат да играат на Отворнеото првенство на САД, шанса што ја немаат на Вимбдлон, турнир на кој нема да настапат со комплетна забрана и без прилика да играат под неутрално знаме.

 

- Оглас -

Најнови вести