Русите сакаат трезни навивачи во Санкт Петербург, Данците ни така не ги примаат во Копенхаген

Градските власти во Санкт Петербург максимално ги заострија санкциите за навивачите кои ќе сакаат во живо од трибините да ги следат натперварите на Газпром арена на Европското првенство.

И буквално ќе се спроведе вистинска прохибиција на алкохолни пијалоци, особено во зоните во близина на прекрасниот стадион, каде ќе се играат вкупно 7 меча на шампионатот.

Мерките се строги, а најавено е дека ниту еден навивач во алкохолозирана состојба нема да влезе на стадионот. Забрането е точење на алкохол на многу локации во градот, но руските навивачи ги мачи и уште една работа.

По првите два меча што нивната репрезентација ќе ги игра на Газпром арена во Санкт Петербург, против Белгија и Финска, им следи гостување во Копенхаген, каде ќе играат со Данска.

Данците објавија дека нема да дозволат руски навивачи да бидат присутни на Паркен во Копенхаген на 21. јуни, што ги налути Русите, кои најавија официјална жалба до УЕФА.

„Тоа е спротивно на сите правила и кодекси. Данците немаат право на таква мерка. Ова е Европско првенство, а не некаков маалски турнир. Ќе реагираме до УЕФА за ваква забрана што не доликува на 21 век“, објавија од рускиот табор.

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести